Општи услови

Почитувани корисници на нашите услуги, со самото нарачување на услугата или праќање на пратката КАРГО ЕКСПРЕС
смета дека нарачателот (примачот или праќачот) и испраќачот го прифаќаат важечкиот ценовник и општите услови
ПРАВИЛА:

Карго Експрес – Општи услови        01.03.2014  год.

01. Нарачките да се извршуваат на следните телефони : 047 220 350  и  070 307 883,  за пратки кои се подигнуваат од врата препорачливо до 14:З0  ч.

02. Под пратка се подразбира превоз на еден или повеќе предмети од еден  Праќач за еден Примач, при едно праќање, кои се подигаат од едно место и се испорачуваат на едно место.

03. КАРГО ЕКСПРЕС не врши прием, превоз и испорака на пратки во неработни денови (Недела и празници).

04. При нарачката да се наведат точни податоци: време на подигање, податоци за Праќачот и Примачот, големина и тежина на пратката, специфичности на пратката, кој плаќа и начин на плаќање, информации за пристапноста со возило до местата на прием и испорака. Пратките со тежина над 500 кг и должина над 3 м не се достапни во сите населени места.

05. Зона 1 се смета до З километри надвор од влезната табла на градот.

06. Нарачката да не се извршува додека пратката не е договорена и подготвена. Во спротивен случај КАРГО ЕКСПРЕС има право од нарачателотда наплати 150 ден. за направен трошок.

07. Пратката се праќа и подигнува со документ за идентификација.

08. Времето на задржување на КАРГО ЕКСПРЕС при подигање или достава на пратка не смее да биде подолго од 10 минути, а за пратки со проверка не подолго од З0 минути. Доколку КАРГО ЕКСПРЕС во горенаведениот временски рок не успее да ја подигне или испорача пратката неговата обврска  по таа пратка е завршена.
Пратката ке треба да се подигне од КАРГО ЕКСПРЕС центарот или истата по 7 дена ке биде вратена кај Праќачот.

09. Обврска на Праќачот е: да ја одбележи и адресира пратката,да даде целосни податоци за Примачот да ја спакува пратката прописно за да не дојде до нејзино оштетување или оштетување на други пратки од неа. Да ги пријави и обележи специфичностите на пратката како што се Вредност, Запаливост, Кршливост, Расипливост, Ограничено на време за испорака, итн .  Најмало пакување на пратка може да биде 1Зсм Х  18 см.

10. Доколку Праќачот не го почитува правилото бр. 8 а превземачот од КАРГО ЕКСПРЕС не го забележи тоа во случај на губење или оштетување на пратката и оштетување на други пратки од неа одговорноста за настаната штета ја сноси Праќачот.

11. Забрането е услугите на КАРГО ЕКСПРЕС да се користат за праќање на недозволени и нелегални стоки. Во спротивно Праќачот и Примачот ја сносат целата одговорност  и се должни да му ја надоместат  настанатата штета на КАРГО ЕКСПРЕС. КАРГО ЕКСПРЕС има право да одбие прием на пратка или од Праќачот да побара да ја отвори.

12. За пратка потешка од 25 кг. или поголема од 0.2 м3 Праќачот и Примачот имаат обврска  да обезбедат лица или средства за “уговар и растовар’ и пристап со возило до местото на прием и испорака на пратката. Обврската на КАРГО ЕКСПРЕС е достава до врата, а не и внесување и редење.

13. Примачот на пратка ќе биде известен со телефонско јавување или смс порака.

14. Пратка која не се подига повеќе од 2 дена, КАРГО ЕКСПРЕС има право да  ја достави до врата и да наплати за доставата.

15. КАРГО ЕКСПРЕС има обврска да направи до 2 обиди за телефонски да го извести Примачот или до 2 обиди за доставување .
После 7 дена има право да му ја врати на Праќачот и од него да наплати за праќање и враќање на пратката.

16. Кога Примачот одбива да ја прими пратката, Праќачот има обврска да ја прими пратката назад и да го плати трошокот за услугата на КАРГО ЕКСПРЕС.

17. КАРГО ЕКСПРЕС има право да не изрши достава до врата или подигнување од врата на места на кои: нема пристап и паркинг за возилото со кое се врши услугата, се наоѓа во зона забранета за сообраќај за возилото со кое се врши услугата, се наоѓа надвор од места каде се даваат услугите, местото е различно од она кое е пријавено при нарачката или при праќањето на пратката.

18. КАРГО ЕКСПРЕС не сноси одговорност и нема обврска да врши контрола на бројната состојба во пратката, веродостојноста на пратката и да потпишува испрагници,фактури.

19. За пратка со пријавена вредност праќачот покрај превозницата треба да поседува и потврда за вредноста издадена од КАРГО ЕКСПРЕС. Пратка со откуп не се смета за пратка со пријавена вредност.

20. Праќачот е должен да поседува превозница за пратена пратка издадена и потпишана од вработен на КАРГО ЕКСПРЕС, која што е единствен валиден документ за испратена пратка по КАРГО ЕКСПРЕС. За подигање на парични средства од откуп Праќачот е должен да ја приложи превозницата која му е издадена при праќањето  на пратката.

21. Плаќањето за услугата на КАРГО ЕКСПРЕС не може да се дели.

22. Корисни ците на услуги кои сакаат да плаќаат на фактура, треба претходно да склучат договор.

23. Попуст се одобрува кога Плаќачот нема неплатени обврски кон КАРГО ЕКСПРЕС со помината валута, а се пресметува по повратен коефициент

24. За секоја измена на дадените упатства при праќањето на пратката Праќачот е должен да испрати факс во центарот за нарачки на КАРГО ЕКСПРЕС или да направи корекција на превозницата  која  му е издадена од КАРГО ЕКСПРЕС при праќањето.

25. Потпишаните повратници  Барателот(Праќачот) е должен во рок од 10 дена од праќањето на пратката да ги подигне од експозитурата на КАРГО ЕКСПРЕС во градот каде што ја пратил пратката, или да поднесе рекламација дека документацијата не е вратена. Во спротивно се смета дека документацијата е подигната.

26. Пратка не се предава ако Примачот одбива да постапи по упатствата кои ги дал Праќачот на пратката. Забрането е: да се отвораат пратки заради проверка и да се враќа наплатен иот откуп, освен ако тоа е писмено одобрено од праќа чот.

27. КАРГО ЕКСПРЕС има право да запре испорака на пратка кога Праќачот или Примачот на пратката имаат неплатени обврски кон КАРГО ЕКСПРЕС или одбиваатда го платат превозот на пратката, се додека не се изврши плаќањето.

28. КАРГО ЕКСПРЕС гарантира вредност на пратката до 10 пати поголема од цената на услугата. Обврска на Праќачот е да ја пријави пратката со поголема вредност.
За вредност до 60.000,00 ден. се доплаќа  2% од вредноста, а за вредност над 60.000,00 ден. се доплаќа 1,2 % за осигурување во осигурителна компанија.

29. Одговорноста на КАРГО ЕКСПРЕС е ограничена исклучиво на физичко губење или оштетување на пратката, а одговорноста од било каков друг вид на загуба на клиентот (заработувачка, корист, камата, деловен потфат, работа) е исклучена.

30. Надомест на штета: За пратки без пријавена вредност по процентот на оштетувањето на предметите во пратката кој го предизвикал КАРГО ЕКСПРЕС но не повеќе од 10 пати од цената на услугата, За пратки со пријавена вредност  по процентот на оштетувањето на предметите во пратката кој го предизвикал КАРГО ЕКСПРЕС но не повеќе од пријавената и потврдена вредност. Процентот на оштетувањето го одредува комисијата на КАРГО ЕКСПРЕС.

31. Во случај на направена техничка грешка од страна на КАРГО ЕКСПРЕС лицето на кое по грешка му е испорачана пратка или парични средства е должно истата да ја пријави и врати во рок од 24 часа. Во спротивно КАРГО ЕКСПРЕС ќе побарува по судски пат.

32. Рекламации и барања се примаат во писмена форма во рок од 30 дена по испраќањето на пратката  на адреса: КАРГО ЕКСПРЕС  ул. Солунска бр. 192-а  7000 Битола. Рокот за решавање по рекламација е 30 дена.

33. За издавање на документи од архивата на КАРГО ЕКСПРЕС се поднесува писмено барање и КАРГО ЕКСПРЕС наплаќа за таа услуга.

34. Во случај на спор надлежен е Основен Суд – Битола.

Договор за услуга на фактура – Карго Експрес (.doc)